Македонски возила наскоро со нови регистарски таблички

Bez autora
Jan 04 2012

Новите регистерски таблички наскоро ќе можат да се видат на македонските возила, информираат од МВР. Нивната изработка ќе почне во наредните месеци, откако ќе завршат сите правни процедури поврзани со тендерите околу нивното производство. Во моментот трае законскиот рок за жалба на објавените тендери за изработка на новите регистерски таблички. Во моментот кога сите услови ќе бидат исполнети и ќе биде избран најповолниот понудувач, ќе почнеме со нивната изработка. Новите регистерски таблички многу повеќе ќе наликуваат на оние што се користат во Европската унија и ќе имаат вградено поголем степен на заштита од фалсификување. Она што е битно е дека табличките кои наскоро ќе почнат да се издаваат нема да бидат дополнителен трошок на граѓаните, бидејќи тие не се задолжителни.

Македонски возила наскоро со нови регистарски табличкиНовите регистерски таблички наскоро ќе можат да се видат на македонските возила, информираат од МВР.

Нивната изработка ќе почне во наредните месеци, откако ќе завршат сите правни процедури поврзани со тендерите околу нивното производство.

Во моментот трае законскиот рок за жалба на објавените тендери за изработка на новите регистерски таблички. Во моментот кога сите услови ќе бидат исполнети и ќе биде избран најповолниот понудувач, ќе почнеме со нивната изработка - велат од министерството.

Новите регистерски таблички многу повеќе ќе наликуваат на оние што се користат во Европската унија и ќе имаат вградено поголем степен на заштита од фалсификување.

Она што е битно е дека табличките кои наскоро ќе почнат да се издаваат нема да бидат дополнителен трошок на граѓаните, бидејќи тие не се задолжителни. Во почетокот ќе се менуваат исклучиво на доброволна база, односно само на оние возачи кои сакаат да ги имаат или пак во меѓувреме им истекла старата регистрација. Со тек на време тие ќе се менуваат постепено со истекувањето на важноста на старите регистрации кај сите граѓани во државата.

- Самиот факт што граѓаните нема да мора да ги заменат старите регистарски таблички и ќе можат да се користат се додека се важечки, односно се додека не ги загубат, или, пак, не се јави потреба тие да бидат променети, значи дека нема да има дополнително финансиско оптоварување за возачите, но сите оние кои ќе имаат ново возило ќе добијат и нови таблички, изјави министерот Гордана Јанкулоска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik